logo
logo
logo

Се пријавила за работа, ама на CV-то НАПРАВИЛА НАЈГЛУПА ГРЕШКА (видео)

Vecer | 12.02.2021

Се пријавила за работа, ама на CV-то НАПРАВИЛА НАЈГЛУПА ГРЕШКА (видео)

Денеска не постои компанија која нема да ви побара CV и да ве вработи туку-така. Затоа многу е важно не само да имате богато CV туку тоа добро да изгледа, па не случајно има и обуки како треба тоа да го сторите.

Често се прават грешки од немарност, а таков е и случајот со корисничката на TikTok, Мариса која  неодамна ја научи лекцијата на потешкиот начин.

Таа сподели видео за огромната грешка што ја направила при пријавувањето, а видеото е прегледано повеќе од четири милиони пати од тогаш, пишува „Мирор“

Мариса користела готов формулар за CV, но заборавила да ги замени сите податоци со нејзините. Дури откако го испратила до работодавачот, сфатила дека заборавила да ја смени фотографијата на која имало слика од машко, медицински работник со стетоскоп околу вратот.

- Мислите дека имате лош ден? Само што испратив CV без да го сменам шаблонот“, напиша таа заедно со видеото.

Многумина се забавуваа со нејзината објава, други се обидоа да ја утешат и советуваат дека треба веднаш да испрати изменета верзија, додека некои споделија свои слични искуства.

Watch on TikTok

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk