Сите древни народи високо ги ценеле шумите и дрвјата. Тие верувале дека дрвјата имаат магична моќ и особено го почитувале дабот.
Во близина на Владичин Хан се наоѓа малиот град Јовац, познат по својата прекрасна густа шума, која крие неверојатна мала црквичка изградена во дрво меѓу нејзините врвови. Оваа уникатна и многу необична идеја е дело на Драгољуб Крстиќ од 1991 година.
Крстиќ тогаш им рекол на мештаните дека сонувал дека гради црква на познатото дрво на српската митологија. Мештаните најпрвин не верувале дека веднаш ќе се фати за работа и ќе изгради црква, а кога ја виделе неговата сериозност, речиси сите жители на Јовац се вклучиле во изградбата на оваа црквичка.
Crkva Sv. Panteleja, selo Jovac; Vladičin Han.
Crkvicu u stablu hrasta napravio je meštanin Dragoljub Krstić 1991 g. pic.twitter.com/tqSm3yTalG
— Sasa Borojevic (@sasa_borojevic) September 20, 2018
Тројца верници може да влезат во овој необичен православен храм во голем даб за да му се помолат на Бога и да запалат свеќи.
Црквата е посветена на Свети Пантелејмон.
Денеска дабот во кој се наоѓала оваа прекрасна црква за жал е срушен, по неколку векови повеќе не можел да го издржи забот на времето, но и негрижата на луѓето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата