Џејмс Хауелс (39) го опиша својот неуспех на суд како „големо разочарување“ и рече дека остатокот од својот живот ќе го помине прашувајќи се што можел да направи со своето изгубено богатство, објави Њујорк Пост.
Хауелс поднел тужба против општината која не му дозволила да го ископува компјутерот потребен за пристап до неговите биткоини, од кои има 8.000 и чија моментална вредност е околу 750 милиони долари.
Депонијата за рециклирање и отпад во Њупорт, за која Џејмс верува дека таму е фрлениот хард диск со лозинката за пристап до неговата крипто сметка, стана предмет на повеќегодишна битка. Грешката што се случила пред десет години се случила кога неговата тогашна партнерка ја фрлила црната кеса за ѓубре во која се наоѓал тој хард диск.
Оттогаш, уредот се наоѓа на депонија управувана од општината Њупорт, Велс, додека Џејмс со години се обидува да добие право да го врати назад. Минатата недела, судијата на Високиот суд во Кардиф го отфрли неговото законско барање за ископување на дискот.
Коментирајќи ја пресудата, Џејмс рече дека мора да се соочи со реалноста дека неговата долгогодишна борба е завршена.
„Искрено сум разочаран. Мислев дека заслужувам барем целосно да го презентирам мојот случај пред судот во текот на целото судење. Очекував шанса да зборувам, но добивме само едночасовно рочиште каде што не добив можност да кажам ништо. Случајот беше отфрлен уште на првата пречка."
Man who threw away $750 million worth of Bitcoin says it’s ‘game over’ if Trump doesn’t intervene https://t.co/25DmhrYzYT pic.twitter.com/sudXzEK7GI
— New York Post (@nypost) January 15, 2025
„Ја разбирам загриженоста за заштитата на животната средина и таа е оправдана. Но, верувам дека сето ова може да се надмине. Сега морам да се помирам со тоа и да живеам со ова до крајот на мојот живот. Вредноста на биткоинот само продолжува да расте. Кога ќе достигне вредност од 615.000 долари, можеби некој ќе дојде и ќе ме праша дали сакам да продолжам да копам“.
Општината Њупорт минатата година побарала од судот да ја отфрли неговата тужба, наведувајќи дека ископувањето не е возможно поради еколошки дозволи. Судијата одлучил дека тужбата нема „реална основа“ и „реални шанси за успех“.
Џејмс рече дека е особено повреден од одлуката на судот да не го признае како сопственик на биткоините, што го лишило од можноста да ги „токенизира“ во иднина.
„Значи, играта заврши. Не се откажав и никогаш нема да се откажам, но ситуацијата изгледа прилично мрачна. Не знам што друго да правам. Можеби Доналд Трамп би можел да помогне нешто да се реализира. Секако би му дал дел ако ми помогне. Апелирам до него и до кој било друг што може да помогне да се реши овој хаос, се разбира, само половично се шегувам, но би било одлично ако го стори тоа“, заклучил Хауелс .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата