logo
logo
logo

Словенечката полиција го истражува ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА БРОНЗЕНАТА СТАТУА НА МЕЛАНИЈА ТРАМП

Vecer | 17.05.2025

Словенечката полиција го истражува ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА БРОНЗЕНАТА СТАТУА НА МЕЛАНИЈА ТРАМП

Скулптурата во близина на Севница, во централна Словенија, каде што Меланија Кнавес е родена во 1970 година, беше поставена во 2020 година за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа ја замени дрвената статуа која беше запалена претходно истата година.

Портпаролката на полицијата, Аленка Дреник Рангуш, изјави дека полицијата била известена за кражбата на статуата во вторникот и дека работи на пронаоѓање на одговорните.

Според словенечките медиуми, бронзената статуа била отсечена кај глуждовите и однесена.

Оригиналната дрвена статуа беше запалена во јули 2020 година.

Таа статуа беше направена од липово дрво и ја прикажуваше Меланија Трамп во син фустан како оној што го носеше на инаугурацијата на Трамп во 2017 година.

Бронзената статуа нема никаква видлива сличност со првата дама, пишува АП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk