Валцерот „На прекрасниот син Дунав“ од Јохан Штраус ќе биде емитуван во вселената по повод 200-годишнината од раѓањето на големиот композитор и крал на валцерот.
Ова класично дело, изведено од Виенскиот симфониски оркестар, ќе биде емитувано во вселената како радио сигнал на 31 мај, што ќе ја одбележи и 50-годишнината од основањето на Европската вселенска агенција ЕСА, објави АП.
Публиката ќе може бесплатно да го гледа целиот настан на големи екрани поставени во Виена, Мадрид и Њујорк.
Радиосигналите ќе патуваат со брзина на светлината, или над милијарда километри на час, па така Штраусовиот валцер ќе стигне до Месечината за секунда и пол, до Марс за четири и пол минути, до Јупитер за 37 минути и до Нептун за четири часа.
Американската вселенска агенција НАСА, исто така, ја одбележа својата 50-годишнина во 2008 година со директно емитување музика во вселената.
Таа чест му припадна на хитот на Битлси „2Across the Universe2“, а минатата година НАСА ја емитуваше песната на Миси Елиот „The Rain (Supa Dupa Fly)“ кон планетата Венера.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата