logo
logo
logo

ПОЗНАТИОТ ПСИХОЛОГ ОБЈАСНИ

Не е СРАМОТА да живееш со родителите на 40, да бидеш сингл и без деца: ОВА Е ЖИВОТЕН НЕУСПЕХ

Vecer | 05.05.2025

Не е СРАМОТА да живееш со родителите на 40, да бидеш сингл и без деца: ОВА Е ЖИВОТЕН НЕУСПЕХ

Психологот Михаил Лабковски со право истакнува дека неуспехот не може да се дефинира само преку тие надворешни околности. Тој, исто така, додаva: „Дали сакате да ви кажам што всушност е неуспех?“

- Неуспех е кога секој ден го поминуваш неисполнет, без да ги оствариш своите желби и цели. Неуспех е кога работиш работа што е општествено престижна, но длабоко во себе ја мразиш.

- Неуспех е кога ќе се ожениш со личност која е интелигентна, ветувачка и привлечна, но не чувствуваш љубов кон неа.

- Неуспех е кога постојано броиш калории во обид да постигнеш некаков идеал за туѓо тело.

- Неуспех е кога цел живот сонувaш да напишеш роман, но се плашиш да продолжиш поради стравот од неуспех.

- Неуспехот е секс без страст, направен од чувство на должност, наместо од вистинска желба и привлечност.

- Неуспех е кога живееш со личност која те сака, разбира и се грижи за тебе, но твоите мисли талкаат кон некој друг.

- Неуспех е кога твоето дете само сака да си игра со вас, а вие, наместо тоа, само сакате да бидете оставени намира.

- Неуспех е кога сонувате за тивок појадок со кроасани и читање списание, но наместо тоа брзате со инстант каша додека седите зад воланот.

- Неуспех е кога сонувате за промени, но не преземате чекори за да ги остварите.

Тоа се ситуациите што јас ги нарекувам неуспех. Важно е да се разбере дека неуспехот не е поврзан само со надворешни околности или општествени норми, туку и со нашата внатрешната состојба на умот, емоциите и соништата што се стремиме да ги оствариме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk