logo
logo
logo

Помалиот син на Мицкоски, Антониј слави роденден и именден, премиерот со јавна честитка и порака

Vecer | 30.01.2026

Помалиот син на Мицкоски, Антониј слави роденден и именден, премиерот со јавна честитка и порака

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до својот син по повод неговиот роденден и именден на празникот Свети Антониј Велики. Во објавата, Мицкоски изрази жалење што поради државните обврски често отсуствува од семејните прослави.

Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики.

„Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија. Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија. Бог да ја благослови Македонија!“, напиша премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk