logo
logo
logo

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони

Vecer | 22.04.2026

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони

Бројот имигранти кои живеат во Европската унија достигнал рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што претставува зголемување од околу 2,1 милион во однос на претходната година, покажува извештај на германскиот Центар за истражување и анализа на миграции.

Податоците базирани врз статистичките анализи на „Еуростат“ и на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации за бегалци укажуваат на значителен долгорочен раст, споредено со 2010 година кога во ЕУ имало околу 40 милиони имигранти.

Според извештајот, Германија останува земја со најголем број лица родени во странство - околу 18 милиони луѓе, од кои околу 72 проценти се на работоспособна возраст.

Најбрз раст во последниот период е забележан во Шпанија, каде бројот на жители родени во странство се зголемил за околу 700 илјади, достигнувајќи 9,5 милиони.

„Германија и понатаму е главна дестинација за миграција во Европа, и апсолутно и релативно во однос на вкупното население“, изјави Томасо Фратини, еден од авторите на извештајот.

Податоците покажуваат и нерамномерна распределба на миграцијата во рамки на ЕУ. Малите држави како Луксембург, Малта и Кипар се со највисок удел имигранти споредбено со вкупното население.

Азилантските барања исто така се концентрирани во неколку земји – Шпанија, Италија, Франција и Германија учествуваат со речиси три четвртини од сите барања. Германија воедно има и најголем број бегалци, околу 2,7 милиони. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk