logo
logo
logo

Британците ќе го забранат пушењето и во некои надворешни простори

Vecer | 29.08.2024

Британците ќе го забранат пушењето и во некои надворешни простори

Забраната за пушење може да важи за градините на пивниците, помалите паркови и рестораните на отворено.

Владиниот портпарол одби да потврди дали таквите планови се навистина се разгледуваат на маса.

-Не ги коментираме информациите што протекуваат во јавноста за да ги заштитиме децата и непушачите од штетните ефекти на пасивното пушење, рече тој.

Владата разгледува серија мерки за конечно да ја заштити Велика Британија од чадот, додаде портпаролот. 

Во 2007 година, за време на последната лабуристичка Влада, пушењето во затворени јавни места и работни простории во ОК беше нелегално.

Според Smokefree Action, во првата година по воведувањето на законот за забрана на пушење, болничките приеми во Англија поради срцев удар опаднаа за 2,4 отсто, што во апсолутни бројки значење 12.000 помалку приеми во болница и заштеди на јавноздравствениот систем (NHS) од 8,4 милиони фунти само во првата година./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk