„Пред да ви го покажам станот, сакам да кажам дека ова, несомнено, е најубавата земја во Европа. Една од моите најомилени земји во кои некогаш сум бил“, рече тој на почетокот на видеото, воодушевувајќи се од Хрватска.
Спална соба со када, лифт, џакузи...
Потоа го покажа ентериерот на станот, почнувајќи од влезната сала, а она што најмногу го импресионираше беше погледот од прозорецот. „Види каков поглед, човече. Прекрасен е“, рече тој додека камерата беше насочена кон морето. Посебно внимание посвети на импресивниот долг лустер што се протега низ неколку ката, спуштајќи се од горниот кат па сè до приземјето. Исто така, го истакна и модерниот мебел во станот, опишувајќи го како многу елегантен и удобен.
Тој покажа дека балконот има џакузи, додека плажата е веднаш преку улицата од станот – кој е уште еден плус што го нагласи во видеото. Неговите придружници беа особено изненадени од информацијата дека станот има и лифт, што е реткост дури и кај луксузните сместувачки капацитети.
Во остатокот од видеото, тој открива спална соба со када во средината на собата, пространа дневна соба и модерна кујна. Една од спалните соби директно води до приватниот базен, додека во подрумот има теретана и сауна.
„Го обожавам ова“, заклучува Британецот додека го снима големиот, простран паркинг под апартманот.
Хрватите се огласија: „Барем некој може да ужива во него“
Во коментарите, бројни корисници од Хрватска му се јавија преку коментар, објаснувајќи колкава е просечната плата во земјата и дека ретко кој во Хрватска може да си дозволи такво сместување.
„Замислете да живеете во Хрватска и никогаш да не можете да си дозволите вакво нешто, додека туристите уживаат во нашата земја повеќе отколку што ние некогаш ќе можеме“, напишал некој. „Ова е навистина неверојатно, но 90 проценти од Хрватите не можат да си дозволат ваков одмор“, „Мило ми е што барем некој ужива кога ние не можеме“, беа некои од коментарите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата