Тој има посебна просторија во куќата за чување и одгледување на своите миленици. Арон со години е во центарот на вниманието на локалните медиуми, а во меѓувреме го зголеми своето потомство и им помага на луѓето да се ослободат од стравот од пајаци.
Жител на Јејт, Јужен Глостершир, поседува над 1.000 тарантули, од кои најголемата е со големина на чинија, пишува Дејли Стар.
„Звучи како многу, но во светот на пајаците не е така. Кога ќе ги одгледувате, можете да добиете од 20 до неколку илјади млади“, објасни тој.
Spider-breeding Brit lives with 1,000 tarantulas and claims he was 'born to save them'https://t.co/dlMzciUoRs pic.twitter.com/O2r2tSYaBI
— Daily Star (@dailystar) January 23, 2025
„Колекцијата“ на Арон рапидно расте, а тој сега планира мисија да спасува пајаци низ Британија. Покрај тоа, тие ќе ги продаваат своите миленици на други колекционери.
„Откако мојата приказна беше објавена во медиумите, многу луѓе ме контактираа. Бараат од мене да им помогнам да го надминат стравот од пајаци. Па патувам низ целата земја и тоа е доста забавно. Гледањето како луѓето се прилагодуваат на овие суштества е неверојатно искуство“, нагласи тој.
Покрај тоа, Арон е чест гостин на детските родендени на кои ги покажува своите миленици.
„Кога станува збор за сместување на 1.000 тарантули, тоа не е толку тешко како што мислат луѓето. Сите тие се повеќе или помалку во иста просторија“, откри тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата