logo
logo
logo

Бизнисмен со автомобил пропаднал во река- го спасила брзата реакција на случајни минувачи (ВИДЕО)

Vecer | 23.11.2025

Бизнисмен со автомобил пропаднал во река- го спасила брзата реакција на случајни минувачи (ВИДЕО)

Трагедијата се случила во четвртокот наутро, кога локалниот бизнисмен Џузепе Салвалахо (85) ја изгубил контролата врз своето возило и паднал во реката. Возилото почнало брзо да тоне, додека Џузепе бил заробен внатре, во состојба на шок, објави Месаџеро.

Гледајќи ја драматичната сцена, двајца минувачи кои биле во близина веднаш скокнале во водата. Драмата траеше неколку секунди, но на крајот успеаја да го извлечат човекот од автомобилот и да го донесат на брегот.

Неколку моменти подоцна пристигнаа службите за итни случаи, додека целата операција за спасување беше снимена и заврши на мрежите. Џузепе беше однесен во болница и неговиот живот не е во опасност.

Медиумите објавија дека еден од двајцата спасувачи бил Албанецот Елтон Зефи (35).

„Не се плашев, само мислев дека мора да се направи брзо“, рече Зефи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk