logo
logo
logo

Бил Гејтс: Разводот од Мелинда е најголемата грешка во мојот живот

Vecer | 26.01.2025

Бил Гејтс: Разводот од Мелинда е најголемата грешка во мојот живот

„Јас сум малку попаметен“, рече тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Има повеќе, но ниту една не е важна. Разводот беше болен за мене и Мелинда најмалку две години“, истакна тој.

Се чини дека по разводот сепак успеал да одржи пријателски однос со Мелинда. Имено, тој тврди дека се уште често се гледаат поради фактот што имаат три деца и две внуци, а признал и дека неговиот брак бил еден од најголемите извори на поддршка во создавањето на Мајкрософт.

Инаку, Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс се венчаа во 1994 година, а заедно ги имаат ќерките Џенифер (28) и Фиби (22) и синот Рори (25). Тие ја потврдија веста за разводот во мај 2021 година по 27 години брак. Пред потврдата, тие наводно биле разделени една година.

Во ноември 2022 година, беше објавено дека Мелинда е во врска со Џон Ду Прео, поранешен дописник на Фокс Њуз. Во април 2024 година, парот сепак се распадна, а неколку месеци подоцна Мелинда ја потврди врската со бизнисменот Филип Вон. Гејтс е поврзан со Пола Херд од 2022 година, а врската беше потврдена во февруари следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk