logo
logo
logo

Бил БЕЗДОМНИК, кариерата ја почнал во филмови за возрасни. Животот му го спасил РОКИ!

Vecer | 06.07.2021

Бил БЕЗДОМНИК, кариерата ја почнал во филмови за возрасни. Животот му го спасил РОКИ!

Актерот Силвестер Сталоне денес полни 75 години. Неговата животна приказна е мошне инспиративна, а познат е по својот макотрпен подем од бездомник до светска филмска ѕвезда, која има милиони во банка и милиони обожаватели.

Silvester Stalone

Синот на емигрант со италијанско потекло, Мајкл Силвестер Гарденцио Сталоне, е роден на денешен ден во 1946 гдоина. Роден е со парализа на долниот дел од вилицата, што на почетокот кога сонувал да биде ѕвезда му било голема пречка на секоја аудиција.

Поминувал низ тежок период во животот. Живеел во сиромаштија, па од очај прифатил улога во еротски филм, а хонорарот го спасил од спиење на автобуска станица.

- Тага, загриженост, страв, неизвесност. Морав да го продадам и кучето, тоа ми беше најлошо. Секој кој имал или има куче, знае за што зборувам. Го продадов за 40 долари само за да купам храна, рекол актерот.

 

Silvester Stalone

Две недели откако го гледал мечот меѓу Мухамед Али и Чак Вепнер добил инспирација за сценариото за „Роки“. Го напишал за 20 часа. Се обидел да го продаде и му биле понудени 125 000 долари. Но имал еден услов - ја сакал главната улога, но студиото го одбило.

Одбил голема сума пари заради тоа. После долги преговори, за помала сума продукциска куќа го прифатила неговиот услов. Филмот освои три Оскари, а Сталоне е номиниран за најдобар актер.

 

Silvester Stalone, Rambo

Се женел три пати, а со последната сопруга Џенифер Флавин (52) се уште е во брак. Има пет деца - два сина и три ќерки, а на сите имињата им почнуваат на С, како и неговото.

 

Silvester Stalone

Освен „Роки“ и продолженијата, и Рамбо е еден од најистакнатите акциони херои од крајот на минатиот век, односно негова забележителна улога. Но освен во акции, глумел и во комедии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk