logo
logo
logo

БЕШЕ ДОБАР ЧОВЕК, НО НЕ САКАВ БРАК: За прв пат по смртта на Мирослав Лазански Гордана ја открила вистината

Vecer | 16.05.2023

БЕШЕ ДОБАР ЧОВЕК, НО НЕ САКАВ БРАК: За прв пат по смртта на Мирослав Лазански Гордана ја открила вистината

Гордана Бјелица не побарала ништо од  таткото на Теодора...

„Фатална љубов во која непланирано останав во бремена“, вака Гордана Бјелица ја опишува врската во која ја родила ќерката Теодора. Актерката која остана запаметена по улогата на Беба, атрактивна секретарка во серијата „Среќни луѓе“, реши да роди дете.

Но,  не сакала брак и не барала ништо од таткото на својата ќерка. Во медиумите се шпекулирало дека се работи за  познат воен репортер  Мирослав Лазански кој им ги скршил срцата на многу београѓанки, па сега со нетрпение се чека автобиографската книга што ја најави Гордана Бјелица.

„Пред да останам бремена во моите зрели години, имав брак во кој не успеав да се исполнам како мајка и кој заврши пријателски. Меѓутоа, по разводот имав фатална врска во која останав бремена непланирано“, рекла Гордана.

Ја гледаме во популарна серија, а ретко кој знае дека е ЌЕРКА НА ПОЧИНАТИОТ  МИРОСЛАВ ЛАЗАНСКИ... - Вечер

„Одлуката да родам дете беше само моја, бидејќи верувам дека секоја жена која е способна треба да стане мајка, а јас никогаш ништо не барав од машка страна. Таа, јас и тој знаеме кој е таткото на Теодора. Имавме еден сериозен разговор на таа тема кога и објаснив се и не разговараме повеќе за тоа“, изјавила актерката претходно.

Според неа, единствено и е важно што е дете на љубовта и што го имала со добар маж. Денеска ги забележувам неговите квалитети кај моето дете и преку неа го сакам и него“, рекла Бјелица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk