logo
logo
logo

Бекам ќе добие титула витез

Vecer | 06.06.2025

Бекам ќе добие титула витез

Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, објави Би-Би-Си.

Со новото признание, Бекам ќе ја добие титулата Сер (витез) , а неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди Бекам.

Бекам е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња и освои бројни трофеи во богатата кариера што ја почна во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра 394 натпревари и постигна 85 голови, а настапуваше и за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.

За англиската репрезентација одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.

Бекам одигра важна улога кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките игри во 2012 година, а од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk