Зои Садлер почнала да јаде чипс уште како дете, ставајќи го во сендвичи и јадејќи го за вечера секој ден.
- Мама и тато велат дека како мала сум пробувала друга храна, но секогаш одбивав да ја ставам во уста - рекла Зои, а потоа објаснила како започнало сè.
- Наводно единственото нешто што мајка ми успеала да ме натера да јадам било чипс што го цицав додека не омекне. Се сеќавам кога бев мала, во училиште јадев сендвичи со чипс за ужина. Обично јадев чинија суви житарки за појадок, потоа сендвич со чипс за ручек и уште еден за вечера. Божиќ секогаш беше тежок затоа што никогаш немав голема желба да јадам, рекла таа.
Но, нејзиното здравје наскоро станало поважно од нејзината омилена ужина.
- Потоа ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза и си помислив: „Морам да јадам поздраво и да се чувствувам подобро“ - рекла Зои, која по дијагнозата мултиплекс склероза се обратила кај хипнотизерот Дејвид Килмуреј за да ја прекине зависноста од чипс еднаш засекогаш, пренесува Телеграф.
Дејвид ја хипнотизирал откако ѝ дијагностицирал избегнувачко/рестриктивно нарушување во исхраната, и сега таа има здрави оброци. Зои, од Ковентри, била излекувана по две сеанси на хипнотерапија кои траеле по два часа. Овој работничка во магацин сега ужива во јагоди, оди во ресторанот „Вагамама“ и сака да проба кари.
- Огромна заслуга за Зои за нејзиното закрепнување. За многу кратко време, таа мирно почна да јаде нова храна и вклучи висококвалитетно овошје и зеленчук на листата на безбедна храна. Бидејќи неодамна ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, многу е опасно за неа да живее на диета што се состои само од сендвичи со чипс, рекол хипнотерапевтот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата