logo
logo
logo

Од утре дожд, грмежи и силен ветер

Vecer | 22.03.2025

Од утре дожд, грмежи и силен ветер

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.

УХМР најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над 20 литри на метар квадратен за 24 часа.

Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk