Кога се пишуваат рецепти, честопати се споменува само „кромид“ без да се наведе видот, поради што честопати се одлучуваме за обичен бел или жолт кромид. Многу луѓе се прашуваат кој вид кромид е најздрав, но се покажува дека еден вид кромид е поздрав од другите видови.
Студија од 2017 година објавена во списанието „Food Research International“ покажа дека црвениот кромид е најефикасен во убивањето на клетките на ракот кај луѓето во споредба со другите кромиди, благодарение на повисоките нивоа на антиоксидансите кверцетин и антоцијанин.
– Антоцијанинот е клучен за бојата на овошјето и зеленчукот, па затоа е логично дека црвениот кромид, кој е најтемен, има најголема моќ во борбата против ракот – објаснува авторот на истражувањето, д-р Суреш Нетираџан, пишува womenshealthmag.com.
Голема количина на антоцијанини во црвениот кромид
Сепак, црвениот кромид не е единствениот што ги има овие придобивки.
„Сите кромиди се моќни борци против ракот благодарение на нивните високи концентрации на антиоксидансите антоцијанин и кверцетин“, вели Карен Ансел, доктор по медицина и авторка на „Исцелувачки суперхрани за анти-стареење: Останете помлади, живејте подолго“.
Црвениот кромид е едноставно подобар во борбата против ракот благодарение на неговата висока количина на антоцијанини, кои ја зголемуваат ефикасноста на кверцетинот во напаѓањето на слободните радикали кои предизвикуваат рак.
6 причини да јадете црвен кромид
Варење
Влакната, кои ги има многу во црвениот кромид, имаат многу добар ефект врз нашите црева. Може да биде многу корисно во случај на запек.
Дијабетес
Суровиот црвен кромид може да го зголеми производството на инсулин, поради што се препорачува и за дијабетичари.
Срце
Овој зеленчук го контролира крвниот притисок, помага во отворање на затнатите артерии и го штити нашето срце од коронарни заболувања.
Холестерол
Ако црвениот кромид е редовно на вашето мени, тогаш тој може да помогне во регулирањето на нивото на масти. Затоа се препорачува за луѓе со висок холестерол.
Витамини
Витамините и минералите што ги има во изобилство во црвениот кромид го зајакнуваат нашето тело и го намалуваат ризикот од многу болести со тоа што го зајакнуваат нашето тело.
Анемија
Има корисен ефект врз луѓето кои имаат проблеми со анемија. Веројатно не сте знаеле, но кога сечеме кромид – плачеме поради масло и сулфиди. Во таа прилика, истите овие супстанции влегуваат и во ноздрите и на тој начин помагаат во лекувањето на анемија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата