logo
logo
logo

ИТАЛИЈАНЦИТЕ СОЗДАДОА ВЕШТАЧКИ „ОСТРОВ“ за да се намалат поплаките на туристите и локалните жители

Vecer | 20.05.2025

ИТАЛИЈАНЦИТЕ СОЗДАДОА ВЕШТАЧКИ „ОСТРОВ“ за да се намалат поплаките на туристите и локалните жители

На езерото Трасимено во регионот Умбрија во Италија, создаден е пловечки вештачки „остров“ кој ги заробува досадните инсекти – хирономиди од семејството мушички. Овие мали инсекти слични на комарци се непријатност за локалните жители, туристите и хотелската индустрија.

Структурата слична на сплав е „нова и конкретна акција на регионот Умбрија за заштита на јавното здравје и животната средина“, рекоа локалните власти, кои го финансираа проектот за контрола на штетници со јавни средства.

Вештачкиот остров на езерото, објасни локалниот здравствен оддел, е опремен со напреден технолошки систем со фотоволтаична инсталација, благодарение на која инсектите паѓаат во посебни стапици, што ги намалува нивните роеви на бреговите. Нивното присуство во лето е причина за поплаки секоја година од луѓето кои престојуваат таму на одмор.

Иницијаторите на овој систем уверуваат дека работи селективно, што значи дека фаќа речиси исклучиво хирономиди кои го населуваат езерото. Тие, исто така, ја нагласија нејзината ефикасност во заштитата на почвата од наезда на овие инсекти.

Што се хирономиди?

Хирономидите се семејство на ситни двокрилни инсекти кои личат на комарци, но не цицаат крв. Најчесто можете да ги видите во близина на вода – езера, бари и реки – бидејќи нивните ларви се развиваат во вода. Тие не касаат и не се опасни за луѓето, но можат да се појават во голем број и да станат досадни. Тие се важни за екосистемот, бидејќи се храна за многу риби и водни птици, а ларвите помагаат во разградувањето на органската материја во водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk