logo
logo
logo

Австралиската Влада обезбеди авторски права на знамето на Абориџините

Vecer | 25.01.2022

Австралиската Влада обезбеди авторски права на знамето на Абориџините

Тоа е резултат на долгогодишната кампања „за ослободување на знамето" што ја водеа заговорниците на староседелците и членови на заедницата.

– Го ослободивме знамето на Абориџините за Австралијците, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

– Знамето на Абориџините сега ќе може да се користи на сличен начин како и австралиското национално знаме, што значи бесплатно, со целосна почит и на достоинствен начин. Сите Австралијци сега можат да го стават знамето на Абориџините на облека како што се спортски дресови и маици, може да се нацрта на спортски терени, да се вклучи на веб-страници, во слики и други уметнички дела, да се користи дигитално и на кој било друг медиум без да се бара дозвола или да се плаќа надомест, рече Морисон.

Знамето го дизајнираше уметникот Харолд Томас во 1970 година и има црвена, црна и златна боја кои ги претставуваат австралиските Абориџини и нивната поврзаност со земјата.

Австралиската влада го призна како службено знаме во 1995 година.

Но Томас досега ги задржа авторските права за знамето. Неговата претходна одлука да ги предаде правата за користење на облека на една неавтохтона компанија беше контроверзна и предизвика правни спорови околу неговата употреба, вклучително и од австралиски спортски тимови.

Според новиот договор, комерцијалната компанија Керол и Ричардсон Флагворлд (Carroll and Richardson Flagworld) ќе продолжи да биде ексклузивен лиценциран производител на знамиња на Абориџините, но тоа нема да ги спречи поединците да прават свои знамиња за лична употреба.

Владата плати 14,2 милиони долари за да ги обезбеди авторските права, јавија националната телевизија Еј-Би-Си и мрежата ААП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk