Видеото од „бестрашниот“ сурфер со змијата на себе, снимено на познатиот австралиски Златен Брег - јужно од Бризбејн, предизвика бурни реакции. Надлежните го казниле престапникот со 2.322 австралиски долари (околу 1.400 евра).
„За да се изнесе питон вон домот, потребна е посебна дозвола“, соопштија властите.
Во Австралија на граѓаните им е дозволено да имаат питон за домашно милениче, но не и да го вадат надвор од живеалитето без соодветен повод и причина, особено не заради сурфање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата