logo
logo
logo

Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал

Vecer | 21.08.2025

Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал

Одлуката на Апелацискиот суд за Деветтиот округ ѝ дозволува на владата да го поништи статусот на привремена заштита за имигрантите од Никарагва, Хондурас и Непал, додека пред судот се води постапка против оваа политика. Тројцата судии кои ја потпишаа наредбата не дадоа правно објаснување.

Наредбата веднаш ја укинува заштитата за Непалците, која истече на 5 август. Заштитата за државјаните на Хондурас и Никарагва ќе истече на 8 септември.

Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин, изјави дека одлуката ќе помогне во враќањето на интегритетот на имиграцискиот систем и ќе спречи користење на статусот на привремена заштита како системот за азил.

Ахилан Аруланантам од Центарот за имиграциско право и политика на универзитетот УКЛА (UCLA), една од организациите што ја поднесоа тужбата, го критикуваше судот за недостаток на образложение и рече дека одлуката „едноставно ја поддржува позицијата на моќ на владата“.

Окружниот судија Трина Л. Томпсон, во јули привремено ја блокираше администрацијата да ги повлече заштитите од депортација со остро формулирана пресуда, утврдувајќи дека одлуката на владата веројатно била мотивирана од „расна нетрпеливост“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk