logo
logo
logo

Американскиот потпретседател им го скрши пехарот на фудбалерите, сите му се потсмеваат (ВИДЕО)

Vecer | 15.04.2025

Американскиот потпретседател им го скрши пехарот на фудбалерите, сите му се потсмеваат (ВИДЕО)

Фудбалскиот тим на Државниот универзитет во Охајо гордо го освои националното првенство во колеџ фудбалскиот плејоф, а несреќата се случи при нивната посета на Белата куќа за да го прослават успехот.

Трофејот се преполови.

По говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, Венс и тренерот на тимот Рајан Деј застанаа на јужниот тревник на Белата куќа, а Венс се обиде да го подигне трофејот.

Венс го зграпчи трофејот, кој потоа се откачи од златниот врв кој го фати играчот Тревејон Хендерсон, кој стоеше зад него. Тогаш трофејот падна на земја, а тој мораше да го подигне пред камерите во живо.

Многумина го исмејуваат на социјалните мрежи

Венс се огласи на социјалните мрежи за инцидентот, на шега коментирајќи: „Не сакав некој друг да го земе трофејот по државата Охајо, па решив да го скршам“. Не е изненадувачки што корисниците на социјалните мрежи брзо го споредија инцидентот со неодамнешните политички настани, како што се катастрофалните тарифи на Трамп. „Совршена метафора за економијата на Трамп.“, „Тоа го сумира и вашиот однос кон демократијата“, се само дел од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk