logo
logo
logo

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија

Vecer | 15.04.2025

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија

Во соопштението објавено на апликацијата Телеграм, судската служба објави дека Џозеф Татер е ослободен од одговорноста во врска со инцидентот. Тој е во притвор од август минатата година.

Судот донесе одлука да му бидат изречени „задолжителни медицински мерки во медицинска установа која обезбедува психијатриска нега“.

Во претходната судска одлука беше објавено дека на Татер му било дијагностицирано ментално растројство кое бара болничко лекување.

Тој првично беше приведен и затворен на 15 дена за ситно хулиганство, откако беше обвинет за злоупотреба на вработени во хотел во Москва - тврдење кое обвинетиот го негираше. Татер потоа нападнал полицаец, што доведе до ново кривично дело.

Според овие информации, Американецот влегол во Русија со намера да побара политички азил, наведувајќи дека не се смета себеси за државјанин на САД и дека е прогонуван во САД. Тој побара и од присутните дипломати на рочиштето да ја напуштат просторијата.

Татер е еден од неколкуте американски државјани приведени во Русија под различни обвиненија.

Минатата недела руските власти ја ослободија Ксенија Карелина, американска и руска државјанка, која беше осудена на 12 години затвор за донирање во добротворна организација за поддршка на Украина.

Таа беше разменета за Артур Петров, државјанин со германско и руско државјанство, кого САД го обвинија дека создал глобална шверцерска мрежа за продавање електроника на руската војска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk