logo
logo
logo

Американка за тајната на среќниот брак: НЕГОВИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРВО МЕСТО

Vecer | 24.08.2023

Американка за тајната на среќниот брак: НЕГОВИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРВО МЕСТО

Моника Хулд (37), која живее во Скотсдејл, Аризона, САД, уште од рана возраст знаела дека треба да биде посветена сопруга и се гордее што на прво место ги става потребите на својот 39-годишен сопруг Џон.

Таа вели дека тајната за среќен љубовен живот е мажите да бидат доминантни и дека повеќе жени треба да ја усвојат старата улога на „традиционална жена“ дома.

Таа редовно вежба, сака да има витко тело, кое привлече 2,5 милиони нејзини следбеници на „Инстаграм“.

Вториот дел од денот се труди да му угоди на својот сопруг.

Никогаш не била жена која планирала голема кариера, сака да биде домаќинка и да се грижи за својот сопруг.

Тоа не им се допаднало на нејзините поранешни момчиња, но нашла некој што го сака.

-Кога тој е среќен, среќен сум и јас. Сакам да го гледам мојот сопруг среќен и мислам дека нема ништо лошо во тоа. Мислам дека мажите и жените се создадени поинаку и навистина нема ништо лошо во прифаќањето на тој факт, ниту пак има нешто понижувачко во тоа. Така живеевме со векови, а дури сега луѓето го мразат овој начин на живот – рекла таа, а пренесува Сан.

Таа е тука и за уреден интимен живот, според желбата на нејзиниот сопруг:

- Што се однесува до спалната, јас сум многу покорна, а тој доминантен. Ми се допаѓа кога мажот презема иницијатива и го презема она што го сака. Секогаш му стојам на располагање и тоа ми се допаѓа – нагласи таа, додавајќи дека сака кога тој презема одговорност и „го зема што сака“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk