Официјалниот претставник, кој побара анонимност, рече дека Амазон ја дал понудата во писмо до американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и министерот за трговија Хауард Лутник.
На денот на неговата претседателска инаугурација на 20 јануари, Трамп и даде дополнително време на платформата TикТок да најде купувач. Со тоа го заобиколи спроведувањето на законот донесен на иницијатива на двете најголеми американски партии. Тој закон за забрана на работењето на ТикТок го потврди и Врховниот суд на САД, оценувајќи дека е неопходен за националната безбедност.
Сопственик на TикТок е кинеската компанија Byte Dance, која според законот е обврзана да ја продаде својата платформа на некој што не е од Кина, во спротивно платформата ќе биде отстранета од интернет во САД.
Трамп посочи дека може да го продолжи одложувањето на стапувањето во сила на мерката, но рече и дека очекува некаков договор до сабота.
Амазон одби да ги коментира информациите, а Тик-Ток не одговори веднаш на барањето за коментар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата