logo
logo
logo

Албанскиот премиер Рама присуствуваше на свадбата на Алекс Сорос

Vecer | 17.06.2025

Албанскиот премиер Рама присуствуваше на свадбата на Алекс Сорос

Двојката одржа заедничка церемонија која ги комбинираше муслиманските и еврејските обреди, почитувајќи го културното наследство на обете страни. 

На прославата присуствуваа познати имиња од меѓународната политика и култура, вклучувајќи ги Хилари и Бил Клинтон, поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, екс претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

-Меѓу гостите беше и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој се појави во карирано одело, бела кошула и бордо вратоврска. Познато е дека Рама е голем пријател со семејството Сорос. Иако не сподели никакви фотографии на социјалните мрежи, присуството на премиерот Рама беше забележано од објективот на камерата на списанието „Вог“, кое детално ги документира моментите од церемонијата, објави euronews.al.

Хума Абедин носеше двa фустани по нарачка, дизајнирани од познатите модни куќи „Живанши“ и „Ердем“.

Наместо традиционални подароци, двојката ги замолила гостите да придонесат за добротворни цели. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk