Англиската поп пејачка и актерка Мишел Хитон сподели шокантни фотографии од периодот на алкохолизмот и времето по опоравување и искрено пишува за нејзината борба против алкохолизмот.
Во објава на Инстаграм, која ја сподели со своите следбеници, таа напиша „Оваа слика не е за сензација, таа беше моја реалност!“
Мишел Хитон (42) рече дека била уништена пред 20 недели и дека нејзиниот „имунолошки систем бил исклучен“. Сега се извлеков, вели таа и додава дека е „силна, среќна, здрава“
View this post on Instagram
Таа ги објави сликите како дел од Националниот ден на трезвеност и месецот на национално закрепнување и истакна дека сега е „ментално и физички посилна од кога било“.
Кејти Прајс сподели слики од Хитон на својата страница на Инстаграм и напиша порака за поддршка.
Хитон претходно ја сподели веста за нејзиниот напредок на Инстаграм пред пет недели кога одбележа 100 дена трезвеност.
Првата слика е направена утрото кога отишла на рехабилитација, а на поновата фотографија изгледа многу поздраво и посреќно.
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата