Дали претерала?

- Мојот вереник штотуку потпиша правен документ што го заверивме на нотар. Според договорот, ако некогаш ме изневери, ќе мора да ми ги плаќа сметките - вели таа во видеото кое има над 8 милиони прегледи.
Таа неколку пати во договорот подвлекувала дека нејзиниот вереник добро се зезнал ако ја изневери.
- Значи, ако ме изневери, се заебал - рекла идната невеста и додала дека не знае дали е премногу паметна или едноставно луда.
Зошто го прави ова?
Како што го споделила сето тоа во своите видео клипови на Тик ток, открила и од каде доаѓаат ваквите радикални потези.

Објаснила дека има проблеми со довербата, особено со парите бидејќи ги има многу. Наводно, како што рекла, документот сам го составил нејзиниот вереник, кој бил заверен на нотар.
Од друга страна, самата хартија не сака да ја прикаже, како што вели, затоа што е уникатен и двајцата сакаат да важи само за нивната ситуација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата