logo
logo
logo

Ако го преживеете ова, заедно ќе остарите: КРИТИЧНИ ГОДИНИ од бракот многумина водат кон развод

Vecer | 30.03.2025

Ако го преживеете ова, заедно ќе остарите: КРИТИЧНИ ГОДИНИ од бракот многумина водат кон развод

Иако многу парови очекуваат нивниот живот да биде како бајка, научните истражувања покажуваат дека одредени години во брак се клучни за емоционалната рамнотежа и долговечноста на врската.

Третата година е најдобра

Според некои теории, љубовта и страста присутни во бракот траат првите неколку години, а потоа преминуваат во помирен период од животот како пар.

Сепак, многу експерти тврдат дека третата година од бракот е најубава, бидејќи тогаш партнерите веќе во голема мера се прифаќаат еден со друг, учат како да живеат заедно и како да ги балансираат меѓусебните разлики. Според тоа, третата година е клучна за стабилизирање на врската и наоѓање заеднички простор и мир.

Во текот на третата година, многу парови носат важни одлуки, а едно од најчестите прашања што го поставуваат е дали е време да го прошират семејството.

Во оваа фаза, многу парови одлучуваат да го добијат своето прво дете, што само ја зајакнува нивната врска. Одлуката да станат родители може да донесе дополнителна хармонија во врската, но и одговорност која влијае на нивниот брак.

Во петтата година започнуваат првите „вистински“ проблеми

По третата година, доаѓа петтата година од бракот, која често е критична. Овој период е период кога многу парови се соочуваат со сериозни предизвици.

Децата кои се уште се мали, со големи потреби и барања, често стануваат дополнителен стрес во животот на паровите. Освен тоа, балансирањето на семејните обврски со работата и другите аспекти од животот станува сè потешко.

Во петтата година многу парови почнуваат да се чувствуваат уморни од секојдневните обврски, а трпението со партнерот им се намалува. Истражувањата покажаа дека петтата година од бракот е периодот кога многу парови почнуваат сериозно да размислуваат за развод.

Ова е и време кога многумина се консултираат со адвокати или влегуваат во фаза на сериозни несогласувања. Иако не сите бракови се подложни на криза во оваа фаза, статистиката покажува дека петтата година може да биде предизвик.

Седмата година е клучна

Ако парот остане заедно по пет години брак, тогаш ги чека друга бариера. Ова е седмата година од заедничкиот живот, што експертите го нарекуваат „ѕид“.

Дотогаш, заедничкиот живот станува рутина. Можни се и финансиски проблеми, грижа за децата и расправии околу поделбата на домашните обврски. Ова е многу комплициран период. Ако сопружниците успеат да го поминат тоа заедно, тогаш пред нив ќе биде силен и среќен брак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk