logo
logo
logo

Ајкула од пет метри е снимена во близина на популарно летувалиште, за научниците тоа е одлична вест

Vecer | 13.11.2025

Ајкула од пет метри е снимена во близина на популарно летувалиште, за научниците тоа е одлична вест

Но, истражувачите открија дека под површината на Балеарското Море е скриено многу повеќе отколку што се гледа на прв поглед.

Тим научници, предводен од фондацијата „ Save the Med “, забележа ретко откритие во водите околу Кабрера, мал, заштитен остров јужно од Мајорка.

Прв случај во овие води

За време на истражувањето, научниците снимија ајкула долга пет метри, која припаѓа на семејството Hexanchus griseus, објавува „Билд“.

Ова е прв пат овој древен вид да биде документиран во водите околу познатото шпанско летувалиште Мајорка, а неговото присуство укажува на зачувување на екосистемот во овој дел од Медитеранот.

Резултатите од студијата беа презентирани оваа недела во Министерството за земјоделство, рибарство и заштита на животната средина. Тоа е најобемната студија за морските предатори во архипелагот досега.

Недопрен морски свет

На 1 февруари 2019 година, Националниот парк Кабрера беше прогласен за најголем национален парк во Шпанија, ставајќи 90.000 хектари море и копно под заштита.

Сместен само 16 километри од брегот на Мајорка, тој е посебен, недопрен морски свет кој е дом на бројни видови.

„Присуството на ајкулата Hexanchus griseus покажува дека големите морски предатори се враќаат во нашите води, што е знак за здравје и рамнотежа во екосистемот“, вели фондацијата „Save the Med“.

За многу туристи кои ја гледаат Мајорка само како летна дестинација, најновото откритие е потсетник дека под тиркизните бранови се крие сосема поинаков, фасцинантен свет - див, древен и полн со тајни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk