logo
logo
logo

Агресивен сом нападна и гризна човек- драма на познато езеро во Баварија

Vecer | 04.07.2025

Агресивен сом нападна и гризна човек- драма на познато езеро во Баварија

Овој пат, 69-годишен маж бил повреден. Тој рече дека сомот го нападнал „ненадејно од длабочините и го каснал за рака“, пишува германскиот весник „Билд“.

Сомот е  подоцна убиен

Човекот успеал да доплива до брегот во близина на Абсберг, каде што му била укажана помош. Полицијата потврди дека претрпел полесни повреди.

Поради нападот, локалните власти ја отстраниле платформата за пливање и оградуваат дел од езерото од безбедносни причини.

За потсетување, сом долг околу два метри и тежок 90 килограми нападна пет пливачи на друга локација во езерото на 20 јуни.

Поради неможноста да се обезбеди трајно затворање на тој дел од езерото, полицаец го уби за да спречи паника и потенцијално давење.

Зошто стануваат агресивни?

Рибата подоцна била послужена во локален ресторан во 120 порции, што предизвикало силна реакција од групата за права на животните ПЕТА.

Според Андреа Маше од Здружението на рибари од Средна Франконија, сомовите стануваат агресивни поради ниските нивоа на водата и сезоната на мрестење.

Недостатокот на соодветни места за положување јајца ги принудува да се мрестат под платформи за пливање, кои потоа агресивно ги бранат, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk