ОВЕН
Транзитната месечина е во вашето поле на работа, кариера, но и она што најмногу го сакате, па сигурно е дека овој ден ќе го поминете токму во оние активности кои ви носат задоволство и исполнетост. Можно е да излезете и да се прошетате со емотивниот партнер.
БИК
Транзитната месечина е во вашето поле на планови, па сега е вистинско време да седнете и внимателно да размислите што би можеле да направите за некои прашања кои ви се важни. Исто така, комуникацијата со членовите на семејството и партнерот ви носи задоволство и мир.
БЛИЗНАЦИ
Транзитната Месечина денес е во вашето поле на криза, промени и страст и сигурен сум дека овој ден ќе го искористите максимално токму низ овој последен сегмент. Добро сте расположени и желни сте за контакт со саканата личност.
РАК
Транзитната Месечина е во вашето поле на сериозни деловни и емотивни партнерства, па затоа е вистински момент да се свртите кон луѓето што ги сакате и со кои сте безбедни. Со емотивен партнер денес можете да постигнете одлична комуникација и да склучите вистински договори.
ЛАВ
Транзитните риби денес се во вашето поле на секојдневие, па веројатно треба да посветите повеќе внимание на домот и членовите на семејството, но и да се погрижите да најдете доволно време за себе и за вашиот одмор овој ден. Уживајте малку, навистина ви треба.
ДЕВИЦА
Транзитната Месечина е во вашето поле на животна радост, креативност, деца, љубов, па дефинитивно е вистинско време да се фокусирате на оваа страна. Најдобро е да склучите добар договор со пријателите или саканата личност и да си дадете одмор.
ВАГА
Транзитната Месечина денес е во вашиот дом и семеен сектор. Можеби навистина не планиравте цел ден да му го посветите на семејството, но барем еден дел искористете го за да бидете со членовите на семејството. После тоа, вашите пријатели ве чекаат.
СКОРПИЈА
Транзитната Месечина е во вашето поле на движење, договори, состаноци, комуникација, па секако би бил добар момент да направите некоја „акција“ со вашите пријатели или со личност која ви се допаѓа. Ќе си поминете подобро отколку што очекувате.
СТРЕЛЕЦ
Транзитната Месечина денес е во вашето поле на лични вредности, па во основа треба да го поминете вашето време во она што ви е најважно. Денес тоа би можело да биде контакт со саканата личност, бидејќи ми се чини дека треба да се фокусирате на таа страна.
ЈАРЕЦ
Транзитната Месечина е во полето на вашиот знак и личност, а денес треба да се фокусирате на себе, вашите потреби и уживање. Најдобро би било да поминете време со луѓе кои ви носат живост, добро расположение и ве поттикнуваат на акција.
ВОДОЛИЈА
Транзитната Месечина е во вашето поле на потсвест и тајни, па во првиот дел од денот ќе бидете повеќе фокусирани на некои ваши мисли и планови. Во вториот дел од денот, нагласеното поле на љубовта кажува по кој пат би било најдобро да одите - кон забава и радост!
РИБИ
Транзитната Месечина денес е на вашето поле на пријатели и во основа најдобро ќе си поминете ако им се посветите. Тоа не значи дека треба да им го давате цел ден, но ќе ви донесат добро расположение и ќе ве „подигнат“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата