Еве ги 7-те знаци веќе во раното детство кои укажуваат дека детето ќе биде успешно - дали ги препознавате кај вашето малечко?
Можеме да научиме многу за децата уште во раната возраст, ако знаеме што да бараме. Подолу, дознајте кои седум знаци веќе во раното детство покажуваат дека детето ќе биде успешно во животот.
1. Поставува многу прашања
Децата се љубопитни и со постојани прашања како зошто небото е сино, тие се обидуваат да ја задоволат својата жед за знаење. Вистинската желба за учење и сознавање нови работи е особина што многу мали деца ја делат со успешните луѓе.
Значи, ако вашето дете постојано ви поставува прашања или често пребарува низ вашата гаража обидувајќи се да сфати како функционираат некои стари апарати, сметајте го тоа за добар знак.
2. Брзо закрепнување од грешка
Некои деца може да бидат многу тажни кога ќе изгубат игра, на пример, додека други може да покажат разочарување само за секунда, по што наскоро ќе побараат да играат повеќе. Оваа подготвеност да се обиде нешто повторно, дури и кога не успеваат, е знак на отпорност што е многу важен за некаков иден успех.
3. Покажува емпатија кон другите
Можеби ќе ве изненади, но емпатијата, способноста на детето да ги разбере и „чувствува“ емоциите на другите, е одличен предиктор за иден успех, објавува parentfromheart.com. Склоноста кон соработка и тимска работа, грижата и вниманието што одат рака под рака со емпатијата, можат да бидат добра основа за силни меѓучовечки односи подоцна во животот.
Сочувството не е само патот до подобри меѓучовечки односи, туку им помага и да бидат подобри во решавањето проблеми, велат експертите.
4. Бара креативни решенија
Некои деца ја перцепираат празната картонска кутија како ѓубре што треба да се фрли, додека други се способни да изградат цел град за играње во неа или од неа. Креативноста не е само цртање или музика, туку откривање нови можности таму каде што другите луѓе гледаат пречки.
Соодветно на тоа, ако вашето дете често има необични или имагинативни предлози за решавање проблеми, можеби одгледувате иден иноватор.
5. Може да се фокусира
Да, децата можат да бидат расеани, тоа е само дел од безгрижно детство. Но, ако забележите дека вашето малечко е способно да „исклучи“ сè што го расејува и да се концентрира на нешто што го интересира, знајте дека ова е многу моќна вештина што ќе му биде корисна во иднина.
6. Самоуверено ги презентира своите идеи
Самоуверено дете не мора нужно да биде најгласно во просторијата. Тоа верува доволно во себе за да ги изрази своите идеи, дури и ако не е сигурно како другите ќе реагираат на тоа. Самоуверено мало дете исто така ќе покаже дел од својата иновативна работа, иако е целосно свесно дека сè уште не е „совршено“.
Оваа верба во себе може да биде многу моќна алатка подоцна во животот. Како што еднаш рече Опра Винфри: „Ти стануваш она во што веруваш“.
7. Сака да им помага на другите
Честопати е добар показател за успех во животот тоа што детето сака да им помага на другите, да споделува со нив што знае. На пример, мало дете со задоволство ќе го научи својот помлад брат или сестра како да врзува врвки за чевли или да му покаже на пријател како да нацрта омилен лик од цртан филм.
Кога детето им помага или ги учи другите нешто, тоа во основа ги вежба своите лидерски вештини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата