logo
logo
logo

Еве колку би чинел денес БИЛЕТ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ТИТАНИК

Vecer | 17.06.2026

Еве колку би чинел денес БИЛЕТ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ТИТАНИК

Околу 2.200 луѓе патувале со „Титаник“ во 1912 година. Малкумина можеле да си дозволат патување со тој луксузен прекуокеански брод. Колку би чинел билет денес?

„Титаник“ се сметал за апсолутен луксузен трансатлантски брод на своето време, а тогаш бил и најголемиот брод во светот. Билетите за неговото прво патување во 1912 година, од Саутемптон до Њујорк, можеле да си ги дозволат само богатите. Сепак, патувањето било привлечно и за луѓе со поскромни примања кои се надевале на подобар живот во Америка.

Постоеле големи разлики меѓу одделните класи на сместување, што јасно е прикажано и во филмот за оваа трагедија. Германскиот весник „Берлинер курир“ пресметал колку би чинело патување со „Титаник“ според денешни стандарди.

На луксузниот брод постоеле две апартмански кабини со приватна прошетка, а токму тие биле најскапата опција за патување преку Атлантикот. Во летната сезона, патувањето, според „Шпигел“, чинело 870 британски фунти по лице, што и тогаш претставувало вистинско богатство.

Изразено во долари, цената на апартманот изнесувала 4.350 долари, што денес би било повеќе од 125.000 американски долари, односно околу 117.000 евра. Во тие апартмани во 1912 година патувале американската милионерка Шарлот Кардеца со својот син Дрејк и Брус Исмеј, директор на компанијата „Вајт стар лајн“.

Освен луксузните апартмани, „Титаник“ им нудел на патниците салони за дружење, ресторани и сала за вежбање.

Повеќе од 4.000 евра за билет во прва класа

И „обичните“ кабини од прва класа биле исклучително скапи според денешни мерила. Билет тогаш чинел 150 долари, што денес одговара на околу 4.330 американски долари, односно околу 4.050 евра. Во втора класа патувањето чинело 60 долари, што денес би било околу 1.730 американски долари или 1.620 евра.

Како била уредена третата класа?

Луксузот на „Титаник“ бил видлив и во третата класа. Додека на други бродови од тоа време патниците од третата класа најчесто биле сместени во големи заеднички спални, на „Титаник“ постоеле и кабини за шест, четири или две лица.

Патниците од третата класа тогаш во просек плаќале 36 долари по лице за патување. Ако се спореди со тогашните плати и куповна моќ, тој износ денес би бил околу 1.040 американски долари, односно околу 970 евра.

„Нешнл џиографик“ наведува дека цената на билет во трета класа изнесувала две британски фунти, што било приближно половина месечна плата на обичен работник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk