logo
logo
logo

КОБРА УБИ ТУРИСТ ПРЕД ОЧИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО - Опасно шоу во египетски хотел

Vecer | 29.04.2026

КОБРА УБИ ТУРИСТ ПРЕД ОЧИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО - Опасно шоу во египетски хотел

Трагичен инцидент во едно од најпознатите египетски летувалишта ја потресе јавноста. Германски турист (57) го загуби животот откако бил каснат од кобра за време на шоу со змии во луксузен хотел во Хургада.

Инцидентот се случил кога, во рамките на забавната програма, змијата се вовлекла под облеката на туристот и го каснала. Иако веднаш била извршена реанимација и бил пренесен во болница, мажот починал како последица на брзото дејство на отровот, кој предизвикува парализа и респираторно гушење.

Истрагата околу тоа како отровницата се нашла до публиката е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk