logo
logo
logo

Не сте корисници, пациенти сте им

ПУКНА МАРКЕТИНГ БАЛОНОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Нема веќе фондови, ќе живеат од реклами

Vecer | 19.01.2026

ПУКНА МАРКЕТИНГ БАЛОНОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Нема веќе фондови, ќе живеат од реклами

Светот со децении се соочува со маркетинг стратегии за собирање пари од “големи приказни“. Дали се работи за “зелената енергија“ од која изгореа милиони акционери во светот кои не можат да ги повратат вложените пари, дали за “климатското затоплување“ кое ќе се решаваше со електрични автомобили кои по десет години силна пропаганда не се ни 10% од возниот парк а никој не сака да ги купи како половни поради прескапите батерии чија технологија постојано се менува и старите ги нема на пазарот, дали со веќе заборавената маркетинг измама дека Видноус 98 ќе престанат да работат по 2.000-та година и мора да се купи нов што на крајот заврши со над 600 милијарди долари фрлени пари бидејќи тоа не беше точно, или со маркетинг паниката дека “светот ќе умира од глад“ ако не се произведуваат ГМО, вештачки создавани, зеленчуци и месо...

Дури и некои небулозни маркетинг акции како “купете на време карта за патување на Месечината или на Марс...“ најдоа свои жртви и пациенти кои плаќаат од 50 до 250.000 долари да бидат меѓу првите а Илон Маск кој собра милиони на тој филм не успеал ни своите ракети да ги стави во функција а камоли да вози луѓе со нив.

Тој маркетинг грабеж секако не се нарекува “купете блет за Марс“, туку е напумпан со убави намери, мисии, соништа... Приватните вселенски компании како SpaceX нудат потенцијални места за идните лунарни или марсовски мисии, додека агенции како НАСА испраќаат имиња преку микрочипови.

SpaceX прима барања за летови на вселенски бродови до Месечината и Марс, со летови планирани за во иднина, што бара значителни инвестиции и примена.

Последната маркетинг акција со Ковид 19 вакцните од која се собраа се уште неутврден број иљадници милијарди долари министерството за здравство на САД ја прогласи како “измама“ со плашење на народот и принудување вакцинација и кај оние на кои не им е потребна, се за да се заработат пари без основ.

Најновата маркетинг стратегија го убедува светот дека се во иднина ќе биде и ќе зависи од “вештачката интелигенција“, од моќта на милиони сервери и затоа треба да се инвестира во таа “иднина“. Инвестираа над 3.000 милијарди досега а се покажа дека нема доволно струја за серверите, нема енергија, за да се оствари “ветеното“ па со вештачката интелигенција реално се занимаваат само високата науката и воената индустрија а - за останатите е забава и кратење време за истите информации кои веќе ги има на Гугл, на пример.

Сега снемува инвеститори кои ќе пумпаат пари “на ветување“. Големите играчи за забава со вештачката интелигенција ќе бараат пари - од корисниците, дали преку објавување реклами во содржините или претплата ако сакате да користите некој од нив. Ако не, и понатаму бесплатно се што нудат OpenAI, ChatGPT можете да најдете преку браузерите на Гугл или Мајкрософт.

Нема веќе “овци“ па се свртеа кон намамување “телиња“

Големите играчи со “вештачката интелигенција за широки народни маси“ се соочуваат со три сериозни и нерешливи проблеми.

- Авторски права. Се што ќе најдете како информација на  OpenAI, ChatGPT, Grok... не е нивни производ. Текстот е комбинација на зборови, реченици, пасуси... кои се некаде веќе објавени од некој друг во нова форма. Значи, авторот е некој друг, а тие се само дизајнери на нова содржина од туѓи делови. За ова во ЕУ веќе се води анализа и постапка.

- Нема нови инвеститори бидејќи се зголемува бројот на корисници, се зголемуваат трошоците за сервери и скапа енергија, а приходи нема ни од близу да се покријат влоговите на инвеститорите што е порака до новите два пати да размислат пред да вложат пари.

- Безбедноста. Се уште нема регулатива за податоците кои OpenAI, ChatGPT, Grok а особено новите и помалку афирмирани такви сервиси и платформи ги собираат и за што и како ги употребуваат. Патем, бараат и дозвола за влез во вашиот компјутер или телефон за “да ја подобрат ефикасноста и се координираат со вашите интереси“ што значи целосно преземање на се што имате како дигитален податок и оставена трага.

Податоците кои тие ги даваат на корисниците во најголем дел се веќе на Гугл или Мајкрософт браусерите, па и на политички и идеолошки скандалозната и контраверзна Википедиа и - бесплатни се. За разлика од нив, Мајкрософт и Гугл имаат големи приходи од другите дејности и можат, засега, својата “вештачка интелигенција за широки народни маси“ да ја плаќаат од вкупната добивка на компаниите.

Под притисок да ги надомести своите огромни трошоци, компанијата OpenAI ќе започне тест фаза на рекламирање во ChatGPT во Соединетите Американски Држави, за претплатници со попуст и бесплатни корисници, според извештаите на медиумите.

OpenAI објави започнување на пробен период за рекламирање во САД во рамките на својот четбот.

Во наредните недели се подготвуваме да започнеме со тестирање на рекламирање во САД за бесплатни корисници и понудата Go“, објави компанијата, потврдувајќи ја долгоочекуваната промена за која се дискутираше во Силиконската долина со недели, според телевизијата BFM.

Претплатите за Pro и Enterprise нема да вклучуваат рекламирање, соопшти групата во долг блог пост, детално објаснувајќи како планира да го воведе овој приход, а воедно да ја задржи довербата на корисниците.

Со само дел од милијардата корисници на четботот кои плаќаат претплата, OpenAI е под притисок да генерира нови приходи, според француската телевизија.

Иако вредноста на компанијата порасна на 500 милијарди долари во приватен капитал од 2022 година, таа ги троши своите ресурси со алармантна брзина, поради огромните трошоци потребни за работење на нејзината вештачка интелигенција.

Со овој потег, OpenAI наводно го усогласува својот модел со оној на гигантите Google и Meta, чија моќ првенствено се базира на рекламирање поврзано со нивните бесплатни услуги.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk