logo
logo
logo

ЕЦДЦ: Новата варијанта на грип ја започна сезоната порано

Vecer | 21.11.2025

ЕЦДЦ: Новата варијанта на грип ја започна сезоната порано

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека сезоната на грип годинава започна три до четири недели порано од вообичаено, како последица на појавата на нова подваријанта на вирусот H3N2. Овој сој веќе предизвикува забрзано ширење на инфекциите во повеќе европски држави.

Според ЕЦДЦ, иако новата варијанта не предизвикува потешки симптоми од вообичаените за грип, проблем е што нејзината превенција не е опфатена со овогодишната вакцина. Составот на вакцините бил дефиниран уште во февруари, во период кога новиот подтип не бил присутен.

Поради тоа, стручњаците предупредуваат дека сезоната може да донесе поголем број заболени, особено меѓу постарите и ранливите групи, бидејќи заштитата што ја нуди вакцината е намалена токму против новата варијанта.

ЕЦДЦ најавува подготвување за „потешка сезона на грип“, особено во земјите со пониска стапка на вакцинација. Од Центарот апелираат до граѓаните и здравствените работници да бидат повнимателни и да практикуваат засилени мерки на претпазливост – почеста хигиена на рацете и употреба на заштитни маски, каде што е потребно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk