Анита Сенаратна, новинарка на Би-Би-Си од Бристол, ја сподели приказната за најлошото, но и најдоброто нешто што и се случило пред неколку години. Таа и нејзиниот партнер биле на пат за Берлин, но откако се вратиле во хотелот по прошетка низ градот тој се отворил целосно и и рекол дека му треба време.
Анита на почетокот на патувањето забележала дека нешто не е во ред, и кога и да се обидела да го расположи, видела дека тоа само го нервира. Таа го прашала зошто тогаш воопшто дошол на патувањето, а тој одговорил дека не очекувал дека ќе биде вака.
„Тој ми рече дека сум зависник од него и дека сум незрела, а јас само се свртев и отидов до првото такси. Се сретнавме во хотелот кога тој дојде по работите и тој ми призна сè што му пречеше и најмногу се работеше околу некои од моите несигурности“, рече таа.
Анита раскажува како отишла со воз до Прага којашто требало да ја посетат заедно, а целиот пат во возот плачела и липала, низ главата и се враќале спомени ...
View this post on Instagram
„Мислев дека се сакаме. Не очекував бајка, но не и вакво напуштање“ вели Анита.
Таа понатаму додава дека и останале денови од одморот па решила патувањето да го заврши без него.
„Се чувствував потполно слободно, не ми беше грижа дали сум забавна, премногу спонтана, виновна за нешто ...“
Новинарката продолжила да ги истражува земјите, да ужива во локалната храна и зајдисонцата.
Иако имало моменти кога посакувала тој да биде со неа, таа успеала да се воздржи од тага и плачење.
„Бидејќи бев сама, бев принудена да започнам повеќе разговори со странци. Понекогаш тие разговори се претвораа во пијалоци и игри со карти во хостел или ноќно излегување. Понекогаш излегував да јадам нешто самостојно и се сеќавам колку многу сакам да бидам во друштво на себеси“, додаде таа.
View this post on Instagram
Само неколку месеци подоцна, нејзиниот поранешен партнер започнал да и праќа пораки дека му недостига и дека му е жал, но Анита не можела да се согласи - целото нејзино искуство со раскинувањето и патувањето било најдоброто нешто што некогаш и се случило.
„Сега, пет години подоцна, кога ќе погледам фотографии од патувањето, гледам болка во себе, но сепак сметам дека целото искуство е многу поучно и забавно, вели таа
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата