logo
logo
logo

БРАКО ДОНИРАШЕ ЕКГ ВО БОЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС

Vecer | 21.09.2025

БРАКО ДОНИРАШЕ ЕКГ ВО БОЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС

БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите.

Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција.

При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедо со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.

БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес. Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за Хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека  на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар, а во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk