logo
logo
logo

ЦРН РЕКОРД НА АРКТИКОТ - Нивото на мраз е најниско во историјата на мерењата

Vecer | 07.05.2026

ЦРН РЕКОРД НА АРКТИКОТ - Нивото на мраз е најниско во историјата на мерењата

Арктичкиот морски мраз го достигна најниското ниво на сите времиња откако почнаа сателитските мерења во 1979 година, објави јапонскиот Национален институт за поларни истражувања.

Годишниот максимум на мразот, кој вообичаено се бележи во текот на март, годинава изнесуваше само 13,76 милиони квадратни километри, што претставува нов негативен рекорд, пренесува „Daily Mail“.

Научниците посочуваат дека главни виновници за овој слаб зимски раст се невообичаено високите температури во Охотското Море и Бафиновиот Залив, каде силните ветришта и топлината го спречија нормалното ширење на ледената покривка.

Јапонскиот институт изрази сериозна загриженост дека овие промени би можеле да ја преминат точката од која нема враќа, предизвикувајќи верижна реакција која ќе го погоди целиот глобален климатски систем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk