Загреб официјално стана првиот европски град кој воведе услуга за роботакси, вест која ја пренесе француската агенција AFP во својата репортажа за хрватската компанија „Verne“. Основачите Мате Римац, Марко Пејковиќ и Адријано Мудри, во стратешко партнерство со Uber и Pony.ai, започнаа со тестирање на автоматизираните возила на почетокот на април.
Во оваа фаза, десет возила се достапни за околу 300 корисници, а со цел максимална безбедност, во секој автомобил е присутен оператор подготвен да интервенира. Иако веќе се поминати десетици илјади километри без сообраќајни незгоди, целта е до крајот на годината да се добијат сите дозволи за целосно автономно управување без човечки надзор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата