logo
logo
logo

РАЈ ЗА НУДИСТИ: 6 најпознати НУДИСТИЧКИ ПЛАЖИ во Грција

Vecer | 09.06.2021

РАЈ ЗА НУДИСТИ: 6 најпознати НУДИСТИЧКИ ПЛАЖИ во Грција

Бројни заливи и скриени, мали плажи може да се најдат низ цела Грција. Сепак, има и такви за кои нудистите сигурно слушнале.

Ако сте еден од туристите кои сакаат да уживаат во нудизам за време на својот одмор, а сте одбрале дестинација во Грција, вистинско време е да откриете каде се најдобрите нудистички плажи.

Низ цела Грција има бројни скриени заливи и помали, диви плажи, кои можат да ги користат туристите кои сакаат да уживаат во нудизмот, а овие се секако најпознати.

  1. Кокини Амос, Матала, Крит

На околу 20 минути пешачење од познатата критска плажа Матала се наоѓа плажата Кокини амос или Црвениот песок.

Имајќи предвид дека е една од најпознатите плажи не само на Крит, туку и во цела Грција, не е ни чудно што ја посетуваат само најхрабрите љубители на нудизмот.

Покриена е со црвеникав песок, па оттука и името. Освен кристално чистата вода, позната е и по бројните скриени пештери кои се наоѓаат во близина.

  1. Микри банана, Скијатос

На островот Скијатос се наоѓа и плажата Мегали банана, во слободен превод Голема банана. Собира голем број туристи, но тие во костуми за капење.

Сепак, постои и друга, а тоа е плажата чие име е преведено како Малата банана е особено интересна за љубителите на нудизмот. Изолирана, мала и опкружена со бујна вегетација, таа е идеален избор за сите оние кои летуваат на Скијатос, и сакаат да пливаат и да се сончаат како да се родени од мајка.

 

  1. Супер Парадајс, Миконос

Оваа плажа на островот Миконос е идеална за сите туристи кои не се оптеретени со ништо за време на нивниот одмор. Покрај нудисти, има и посетители во костуми за капење, но и топлес.

Најважно е добро расположение што се чувствува на секој чекор. А има и коктели и гласна музика, па добрата забава е загарантирана.

  1. Веланио, Скопелос

Меѓу многуте феноменални плажи на Скопелос, се издвојува Веланио. И не само затоа што е релативно близу до градот Скопелос, туку и затоа што е првата плажа на островот што ги примила првите нудисти во 60-тите години на минатиот век.

  1. Миртиотиса, Крф

Уште една од најпознатите грчки плажи во светот на нудизмот е Миртиотис, на островот Крф. Откриена е од хипиците во 70-тите години на минатиот век, па дури и денес се смета за вистински рај за љубителите на нудизмот.

  1. Хиладоу, Евија

Во минатото, оваа плажа на Евија се користела како своевидна база за пирати, а денес стана база не само за љубителите на нудизмот, туку и за камперите.

Тоа е прилично пространа плажа, лоцирана во подножјето на планината Дирфи. Во текот на летото, е полна со луѓе, а нудистите го претпочитаат северниот дел на оваа плажа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @greece_bestplaces

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk