logo
logo
logo

„БОЖЈА КАЗНА“ во КОЧАНИ - Тргнал да краде од црква, па останал да виси на оградата

Vecer | 06.05.2026

„БОЖЈА КАЗНА“ во КОЧАНИ - Тргнал да краде од црква, па останал да виси на оградата

Доцна синоќа, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. 

Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. 

На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св.великомаченик  Ѓеорги Победоносец“, што утринава предизвика дополнително вознемирување и реакции кај граѓаните. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk