Нема ништо полошо од тоа наеднаш среде ноќ да добиете силна забоболка, а бидејќи е доцна не може веднаш да отидете на забар. Но, не очајувајте постојат неколку домашни лекови кои можат да ви помогнат.
Бидејќи во тој момент немате друг излез, не ве чини ништо да пробате.
Каранфилче
Каранфилчето содржи лековито масло кое успешно ја елиминира болка та. Џвакајте го 2-3 минути, а потоа исплакнете ја устата со вода. Аналгетскиот ефект ќе трае околу 3 часа. Можете исто така да нанесете есенцијално масло од каранфилче на памучна крпа и да нанесете на болното место.

Свинска маст
Ставете мало парче сало помеѓу образот и проблематичниот заб и држете го 20 минути. Треба почне да делува за брзо.
Компири
Излупете компир, измијте го добро и исечете на ситни делови. Нанесете парчиња суров компир на забот додека болката не исчезне целосно. За да се подобри ефектот, компирот може да се посоли.
Јод
Ставете 4-5 капки јод во чаша вода и исплакнете.
Активен јаглен

Таблетата со јаглен се крши во прав и се нанесува на болниот заб. Почекајте 3-5 минути, а потоа темелно измијте ги забите и исплакнете ја устата со вода.
Сол
Ова е можеби наједноставниот начин, и сите го имаме во домот. Растворете една лажица сол во чаша топла вода и исплакнете ја устата.
Лук
Исцедете едно чешне лук, ставете го памук и држете го неколку минути во близина на проблематичниот заб.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата