logo
logo
logo

ПЕТКА ЗА „СЕКОГАШ БИДИ БРОЈ 1“ - Кампања на CREDISSIMO за поддршка на првачињата

Vecer | 02.09.2025

ПЕТКА ЗА „СЕКОГАШ БИДИ БРОЈ 1“ - Кампања на CREDISSIMO за поддршка на првачињата

Вчера, 1.200 првачиња од различни населени места низ Македонија добија подароци со училиштен прибор во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“. Оваа кампања, Credissimo ја спроведува петта година.

Станува збор за активност чија основна цел е да им се посака добредојде на првачињата во училишните клупи и да добијат материјали и прибор кои ќе им користат во образовниот процес. Оваа година, кампањата опфати најголем број градови, и тоа: Делчево, Радовиш, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Кичево, Гостивар, Македонски Брод, Ресен, Крива Паланка, Свети Николе, Виница, Кратово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Дебар, Крушево и Демир Хисар.

„Она што започна како една мала, но искрена иницијатива, прерасна во традиционална кампања на државно ниво, преку која петта година по ред израдувавме голем број првачиња. Децата се нашата иднина и токму затоа ние во Credissimo несебично вложуваме во нивниот раст и развој, пред сè, преку кампањата „Секогаш биди број 1“, но и со низа други општествено одговорни проекти. Навистина, беше убаво да се видат детските насмевки предизвикани од подароците што ги пречекаа на нивниот прв училиштен ден“, изјави Георги Руков од Credissimo.

Оваа кампања на Credissimo заслужува чиста петка затоа што за пет години опфати 72 училишта во 89 населени места во државата, во кои подароци со училиштен прибор добија повеќе од 3.200 првачиња. На почетокот на учебната година, кога родителите се оптоварени со голем број трошоци за своите деца, оваа поддршка е добредојдена и корисна за сите што дава додадена вредност на кампањата.

„Драго нѝ е што оваа година и нашето училиште е дел од кампањата „Секогаш биди број 1“ на Credissimo. Особено е важно тоа што се опфатени голем број помали градови од државата, сметам дека тоа е еден добар пример за тоа дека сите заедно треба да работиме за да создадеме подобри услови за образованието“ - изјави Љубица Толовска, директор на ОУ „Страшо Пинџур“ во Неготино.

Компанијата Credissimo, покрај кампањата „Секогаш биди број 1“, е препознатлива и по други општествено одговорни проекти во повеќе области како грижа и подигање на свеста за машкото и женското здравје, екоакции, реновирање библиотеки и донации во Зоолошката градина во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk