logo
logo
logo

ЗА СИТЕ ШТО САКААТ ДА ЈА НАЈДАТ ЉУБОВТА НА СВОЈОТ ЖИВОТ и за оние кои сакаат љубовта да им трае вечно

Vecer | 10.06.2025

ЗА СИТЕ ШТО САКААТ ДА ЈА НАЈДАТ ЉУБОВТА НА СВОЈОТ ЖИВОТ и за оние кои сакаат љубовта да им трае вечно

Грчкиот остров Крф е познат меѓу туристите поради атрактивните локации, одличните плажи и богатото културно и историско наследство. Во негова близина е островчето Видо и познатата „Сина гробница“.

Сепак, освен знаменитостите, кои не недостасуваат на Крф, постои една локација на островот што заљубените парови особено сакаат да ја посетат. И со добра причина.

Недалеку од познатото одморалиште Сидари на Крф, во северниот дел од островот се наоѓа и познатиот Канал на љубовта.

Многу вљубени парови, кои сакаат нивната љубов да трае, често ја посетуваат оваа локација на островот Крф.

Место за вљубени

Нешто повеќе од 30 километри го делат Каналот на љубовта од Крф, главниот град на островот и истоимениот град.

Поради вертикалните карпи што го опкружуваат и од едната и од другата страна, формирајќи сосема природен канал, кој многумина потсетува на изглед на фјорд, оваа локација на Крф е особено привлечна кај туристите што го посетуваат овој остров.

Донекаде е очекувано местото познато како Канал на љубовта да е придружено со разни легенди.

Така, постои верување дека двојката која успева заедно да ја преплива целата должина на Каналот на љубовта, гарантира дека нивната љубов ќе трае до крајот на нивниот живот.

Сепак, тоа не е единствената легенда поврзана со оваа многу интересна локација.

Иако примарната поврзаност со оваа локација е насочена кон заљубените парови, според една традиција, Каналот на љубовта може да го посетат и оние кои ја бараат љубовта на својот живот. Доколку таквите луѓе успеат да ја препливаат оваа интересна локација на Крф, односно од брегот до самиот канал, постојат големи шанси да бидат наградени со пронаоѓање на личноста која ќе биде љубовта на нивниот живот.

Има уште нешто поврзано со оваа интересна локација. Посетителите кои сакаат до одреден степен да ја почитуваат традицијата, но сепак не сакаат да го препливаат овој канал, можат едноставно да фрлат паричка во водата, и љубовта ќе „дојде“ во нивниот живот, онаа вистинска, до крајот на животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk