logo
logo
logo

НОВИОТ ТАМАГОЧИ СО НОВИ ПРАВИЛА пристигнува наскоро

Vecer | 25.05.2025

НОВИОТ ТАМАГОЧИ СО НОВИ ПРАВИЛА пристигнува наскоро

Како по правило, уредите Тамагочи се фокусираат на одгледување само на едно дигитално домашно милениче, но новиот Тамагочи Парадајс го менува ова правило.

Играчот треба да се грижи за цела планета полна со суштества на кои им е потребна помош.

Уредот доаѓа со екран во боја, а покрај стандардните три копчиња, има и странично тркало со кое можете да зумирате на едно милениче или да одзумирате за да ја видите целата планета.

Планетата каде што се наоѓаат суштествата за кои се грижи играчот има копно, вода и небо, а почетниот екосистем зависи од тоа која од трите бои на уреди ќе ги купите. Сепак, можно е да се отклучат сите три за време на играта. Уредите можат да се поврзат за да играте со пријателите.

Тамагочи Парадајс исто така нуди и парење, што значи дека компатибилните миленици можат да создадат потомство, со дури 50.000 можни комбинации.

Уредот прво пристигнува во Јапонија, а лансирањето е закажано за 12 јули. Препорачаната малопродажна цена на новите Тамагочи е 45 американски долари, што е приближно 40 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk