logo
logo
logo

БОНИ ТАЈЛЕР ВО КОМА - Светот се надева на чудо за својот омилен „ХЕРОЈ“

Vecer | 08.05.2026

БОНИ ТАЈЛЕР ВО КОМА - Светот се надева на чудо за својот омилен „ХЕРОЈ“

Легендарната велшка пејачка e итно оперирана во Португалија, откако кон крајот на минатиот месец била пренесена во болница поради перфорација на цревата.

На Бони Тајлер вчера ѝ се влошила здравствената состојба, по што e ставена во индуцирана кома. Таа е префрлена на одделот за интензивна нега и приклучена на респиратор. Пејачката била подложена на операција на цревата, по што настанале компликации.

Локалните медиуми вчера објавија дека нејзината состојба се влошила во последните неколку часа, иако претходниот ден била стабилна. Угледниот португалски дневен весник Correio da Manha пишува дека Бони Тајлер е „без свест“ и дише со помош на респиратор.

„Бони Тајлер е во индуцирана кома откако неколку дена помина во болница во Фаро, по операцијата на цревата“, се наведува.

Лекарите кои се грижат за неа признале дека не можат да предвидат како ќе се развива ситуацијата во наредните часови. Според информациите, Бони итно била пренесена во болница на 30 април.

„Со жалење соопштуваме дека Бони беше примена во болница во Фаро, Португалија, каде што има дом, поради итна операција на цревата. Операцијата помина добро и таа моментално закрепнува.

Знаеме дека нејзиното семејство, пријателите и обожавателите ќе бидат загрижени поради оваа вест и ќе ѝ посакаат брзо и целосно закрепнување“, изјавил нејзиниот портпарол.

Бони е најпозната по песната Total Eclipse Of The Heart од 1983 година, како и по хитовите It’s A Heartache и Holding Out For A Hero.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk